ТЕРА

REKLAMA???

ДПИ ЌЕ ИСПИТУВА ДАЛИ УЧИЛИШТЕТО ПОСТАПИЛО ПО НАВОДИТЕ ЗА ДОЛГОГОДИШНО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО БИТОЛА

По објавата на пријавата од мајка на десетгодишен уленик, која тврди дека нејзиното ете подолг период било изложено на врсничко насилство во подрачно училиште на ООУ „Даме Груев, ТЕРА побара одговори од надлежните институции за тоа дали и како постапувале.

Првата адреса беше Државниот просветен инспекторат. Првично проверивме дали до оваа иституција претходхо ила поднесена претставка или службено известување за случај на врсничко насилство во училиштето.

Освен тоа, побаравме одговор далие извршен или е планиран вонреден инспекциски надзор, дали ќе се проверува постапувањето на училиштето согласно законските обврски и Протоколоот за заштита од насилсѕво, како и дали ќе се утврдува евентуална одговорност на раководството и стручната слуќба.

Од ДПИ добивме одговор дека директорот веќе издал задолжеие за вршење вонреден инспекциски надзор.

„По завршување на надзорот и комплетирање на целокупната документација ќе Ве известиме за исходот од истиот“ – наведуваат од Инспекторатгот.

Од одговорот засега неможе да се утврди дали и претходно иале сознанија за случајот, иту дали при евентуалниот надзор ќе бидат утврдени пропусти во постапувањето на училиштето.

Дополнително, прашања за постапувањето на училиштето и одговорноста на надлежните упативме и до Општина Битола и, повторно до ООУ „Даме Груев“ од каде претходно веќе добивме одговор објавен од нашата редакција.

Клучното прашање сепак останува отворено, дали институциите навреме реагирале на наводите за насилство и, дали детето добило соодветна заштита?