ТЕРА

REKLAMA???

БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ, ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,24%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.07.2025 година […]

Прочитај повеќе from БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ, ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА

В СРЕДА ПРОМОЦИЈА НА КАНДИДАТУРАТА ЗА ВТОР ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТ

В среда со почеток во 20:00 часот во дворот на Општина Новаци, актуелниот градоначалник Стевче Стевановски ќе ја одржи промоцијата на неговата кандидатура за градоначалник на Новаци, откако партијата го номинираше да биде кандидат за втор градоначалнички мандат. „Заедно ги започнавме промените, заедно ги градиме успесите и заедно ќе продолжиме напред со работа, со проекти […]

Прочитај повеќе from В СРЕДА ПРОМОЦИЈА НА КАНДИДАТУРАТА ЗА ВТОР ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТ

ВО АВСТРАЛИЈА НАЈГОЛЕМИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ПОСЛЕДНИВЕ ДЕЦЕНИИ

Неколку градови во источна Австралија беа покриени со најголеми снежни врнежи во последните децении, додека силна бура го зафати регионот овој викенд, предизвикувајќи поплави, затворање на патишта и прекини во снабдувањето со електрична енергија за илјадници домови, соопштија властите. Вчера во некои области беа прогнозирани околу 50 сантиметри снег, додека во други беа прогнозирани повеќе […]

Прочитај повеќе from ВО АВСТРАЛИЈА НАЈГОЛЕМИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ПОСЛЕДНИВЕ ДЕЦЕНИИ

НА ЗАТВОРАЊЕТО ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ

На затворањето на 55-то издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ беа прогласени најуспешните култуно-уметнички друштва и ансамбли. Најуспешна група за традиционална музика и игра: КУД „Илинден“ – Демир Хисар Најуспешна група за староградска музика и игра: ВИА „Распеани струмичани“ – Струмица Најуспешна вокална изведба: Јовче Нанев – КУД „Весели пензионери“, Пробиштип Најкомплетна изворна […]

Прочитај повеќе from НА ЗАТВОРАЊЕТО ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДЕЛНИЦАТА ГРАДСКО-ДРЕНОВО

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопштија од […]

Прочитај повеќе from ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДЕЛНИЦАТА ГРАДСКО-ДРЕНОВО

ЧЕТИРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

Вечерва до 21:00 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои 4 активни, 2 под контрола и 14 изгаснати. Активни се пожарите во Општина Чашка над Богомила (мешана шума), потоа во Општина Липково помеѓу с. Ваксинце – с. Слупчане (нискостеблеста шума), во Општина Студеничани с. Дречевица (шумски пожар […]

Прочитај повеќе from ЧЕТИРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 л/м2), силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 […]

Прочитај повеќе from НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ

СЕ ОДРЖА 54-ТА СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ВО ПОТПЕЛИСТЕРСКО ТРНОВО

Во потпелистерското село Трново, традиционално по повод „Илинден, се одржа 54-та Семакедонска средба. Настанот го организираа Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. Присутните ги поздрави градоначалникот на Општина […]

Прочитај повеќе from СЕ ОДРЖА 54-ТА СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ВО ПОТПЕЛИСТЕРСКО ТРНОВО

ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАН ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК „ИЛИНДЕН“

По повод големиот државен празник Илинден, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со делегација од Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци и политичките партии, положија свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндена кај Центарот за култура и пред Споменикот на илинденците во храмот „Света Недела“. Со овој чин беше оддадена почит […]

Прочитај повеќе from ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАН ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК „ИЛИНДЕН“