На затворањето на 55-то издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ беа прогласени најуспешните култуно-уметнички друштва и ансамбли.
Најуспешна група за традиционална музика и игра: КУД „Илинден“ – Демир Хисар
Најуспешна група за староградска музика и игра: ВИА „Распеани струмичани“ – Струмица
Најуспешна вокална изведба: Јовче Нанев – КУД „Весели пензионери“, Пробиштип
Најкомплетна изворна носија: КУД „Илинден“ – Струга
Посебно признание за афирмација на традицијата: Димитри Балојани – илустратор на стрип КУД „Русалии“ – Секирник
Зад оваа селекција стои жири-комисија составена од реномирани експерти: проф. д-р Владимир Јаневски, проф. д-р Родна Величковска, проф. д-р Мирјана Мирчевска, проф. д-р Беким Рамадани и доц. м-р Христијан Николовски.












