На македонската музичка сцена се појави ново издание од Brass Brothers, песната „Better“. Со текст и музика од Горан Мицевски Кус, композицијата испраќа јасна порака за надеж и упорност.
Музичкото видео е режирано од Никола Грнчаров, кој преку својата работа визуелно го прикажува духот на песната.
„Better“ е песна која истакнува дека, без оглед на предизвиците, животот е процес на учење и напредок.
Со стихови како:
“Животот е патување, приказна без крај.
Секогаш ќе биде подобро.
Колку пати човек може да падне,
а никогаш да не престане да се издигнува?”
Песната ја поттикнува вербата дека светлина секогаш има после темнината.
,,Пораката која сакаме да ја пренесеме до јавноста преку песната е едноставна, но моќна: Без разлика на предизвиците со кои се соочуваме, животот нè учи дека секогаш постои утро после ноќта, светлина после темнината. Само треба да продолжиме да се бориме и да веруваме дека ќе биде подобро.” – велат од Brass Brothers.












