Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 проценти, во однос на претходната одлука од 6 април.
Согласно тоа малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 ден/лит, и ќе чинат 82,00 ден/лит, односно 84,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, и со тоа ќе се продава за 95,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 3,50 ден/лит, и ќе изнесува 96,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 2,084 ден/кг, и ќе изнесува 49,227 ден/кг.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, потсетуваат од РКЕ.
Референтните цени на светските пазари бележат пад кај сите деривати, при што најголемо намалување има кај мазутот. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот бележи благо намалување, што исто така влијае врз конечната пресметка.
СЕ НАМАЛУВААТ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА













