ТЕРА

REKLAMA???

Дел од цигарите со зголемени цени

Од први март се зголеми малопродажната цена на дел од цигарите пришто во  марктетите веќе се продаваат по цена повисока за 10 денари.

Во оние маркети кадешто има поголема залиха, се очекува покачувањето да се случи во деновите што претстојат.

Зголемувањето на цената е дел од редовното усогласување со акцизната политика на државата која предвидува постепено покачување на акцизата до 2030 година, кога крајната цена на цигарите во Македонија треба да стане приближна со цените на цигарите во земјите од Европската унија.

Инаку, истражување кое во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) беше спроведено во 75 училишта во државата покажа дека вкупно 13,6 отсто од учениците од седмо до деветто одделение, најчесто од 13 до 15 години, користат некој тутунски производ.

Наодите од истражувањето беа презентирани од  претставници на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), министерот за здравство Алиу и Шефот на канцеларијата на СЗО во земјава, Аким Али кој притоа посочи дека со новиот Предлог-закон се заштитуваат непушачите, особено децата.

Во оваа смисла, како што истакна Али, кога родителите ги праќаат своите деца на училиште, очекуваат чиста и здрава средина, а истражувањето покажало дека некои биле подложни на тутун во училиштата.