ТЕРА

REKLAMA???

Diners now ! Започна од Битола

Diners се враќа со физички салони: Кредитна картичка за 10 минути и нов модел на потрошувачко кредитирање

Денеска во Битола се отвори салон на DINERS CLUB МАКЕДОНИЈА. Лоциран на првиот  кат во Bliss овозможува едноставен пристап до услугите на финансиската компанија DINERS CLUB ИНТЕРНАЦИОНАЛ којашто три децении е присутна кај нас и го започна безготовинското плаќање во државава.

Diners Club Македонија денеска од Битола  го лансираше својот нов финансиски производ под името Diners Now, или Дајнерс Сега  со кој воведува нов модел на брзо издавање кредитни картички на лице место.

За оваа намена, компанијата по неколку години повторно се враќа со физички локации, отворајќи за прв пат „pop-up” салон во Bliss Mall во Битола.

Главната карактеристика на новиот концепт е елиминирањето на класичниот процес на чекање одобрување во банка. Граѓаните ќе можат да аплицираат директно во новиот салон и, доколку ги исполнуваат условите, да ја подигнат активната кредитна картичка во рок од 10 минути.

„Успеавме да го дигитализираме целиот процес. Од самото аплицирање, прибирање, обработка на податоците и одобрување, па дури и на лице место можеме картичката да ја испечатиме и таа е веднаш готова да може да се употребува во продажните места, на банкомати, on-line, секаде. “ – вели Тони Јанковски, оперативен директор на оваа финансиска компанија.

Од компанијата појаснуваат дека Diners Now има за цел да понуди алтернатива за корисниците кои имаат потреба од инстант финансиски средства, но бараат сигурен производ со јасни услови. Во ова дигиталнот време „Дајнерс“ повторно одлучи да се посвети на комуникациајта лице-в-лице со корисниците на услугите.  Комплетниот кредибилитет на брендот се надградува со директните разговори во коишто се градат долгорочните односи на доверба.

„Веруваме во дигитализацијата како процес и го поддржуваме и треба да се инвестира таму, но сепак гледаме една тенденција и потреба на пазарот луѓето да имаат контакт точка за физички контакт со нашите колеги, бидејќи сепак, тој физички контакт, разговор, објаснуавње споделување на пробеми па дури и давање на повратни информации – што може да се поправи, што треба ново ние да имплементираме е пресуден за нас. И затоа, покрај дигиталното се посветуваме и на физичкоти и првпат отвораме физичка зона , ја нарекуваме Diners Club Зона во којашто членовите ќе може да дојдат, да се информираат, да аплицираат и да дадат некакви сугестии за наше подобрување. “

Diners Now ги задржува сите препознатливи придобивки на класичната Diners картичка, но со зголемена агилност и дополнителна флексибилност при подигнувањето готовина.
Комуникацијата лице в лице овозможува подобро разбирање на потребите на корисниците, побрзо разјаснување на дилемите и персонализиран пристап при изборот на финансиски производи.

„Картичките се различни, имаме различни типови на продукти, ќе може да се аплицира за било кој од продуктите коишто самиот клиент ќе ги одбере , може да се консултира претходно со нашите колеги за која е најсоодветна картичка  за неговите потреби. Но сепак основата, трошоците сите бенефиции се исти, се нудат секогаш сите привилегии на клубот , а тоа се попустите, ратите без камата и слично. Прифатеноста на картичките е голема. Низ цела Македонија и надвор од Македонија во соседните држави, секаде. Тој препознатлив микс на бенефиции и на изгледот на картичката , сега имаме и безконтактни картички, е нешто што сакавме да го задржиме за Diners. – вели Јанковски.

Покрај брзината и поедноставената процедура за издавање, Diners Club Македонија останува фокусиран и на проширување на вредноста што ја нуди кредитната картичка како финансиски производ. Корисниците имаат можност за флексибилно плаќање на рати во земјата и во странство без камата, пристап до милиони продажни места ширум светот и дополнителни поволности поврзани со патувањата. Дел од пакетот услуги е и пристапот до повеќе од 1.300 бизнис-салони на аеродроми низ светот, како и програма за лојалност преку која корисниците добиваат попусти и поврат на средства за секојдневните трансакции. Со овие бенефиции, компанијата позиционира картичката не само како инструмент за плаќање, туку како поширок финансиски сервис за современиот корисник.