ТЕРА

REKLAMA???

EЕС СИСТЕМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Oд вчера македонските граѓани се соочуваат со новите правила на ЕУ при влез во некоја од земјите членки – два системи на Uнијата ќе ги информираат членките кој, кога, каде влегува и, дали во државите останал повеќе од 90 дена.

Од вчера ЕУ го започна новиот систем за влез во земјите членки давајќи им предност на биометриските податоци кои ги собира на лице место – на граничните премини. Ова подразбира дека повеќе во пасошите не мора да има печат кој кога на која граница влегол или излегол од државите.
EES – Exit / Enter или во превод Влез/Излез систем е нов систем со кој се дигитализираат сите процедури кои патниците ги врват на граничните премини.
Кога првпат влегувате во некоја од земјите – на пример нашите соседни држави кои се членки на ЕУ, но и секоја европска членка, полициските службеници ги внесуваат во компјутер податоците од вашиот пасош, потоа ве фотографираат и на крај земаат отисок од вашиот прст.
Граѓаните на Северна Македонија со биометриски пасоши можат да патуваат во Шенген зоната на ЕУ до 90 дена без виза. За престој подолг од 90 дена или за работа, потребна е виза и работна дозвола.
Овој процес ќе се спроведува постепено во текот на шест месеци, така што граничните премини ќе станат полесни по првичната регистрација. Децата под 12 години се ослободени од давање биометриски податоци.
Европските претставници во земјите советуваат да се осигурате дека вашиот пасош е важечки и дека ќе остане таков за време на вашето патување. Велат и дека Правилата за патување може да се променат, па затоа секогаш е добра идеја да ги проверите најновите барања со вашиот давател на услуги за патување или со амбасадата на земјата одредиште пред да патувате.
Од средината на 2026 година ќе почне со реализација и системот ЕТИАС – кратенка од Електронско овластување за патување. Се однесува на патници кои не се од ЕУ и на кои моментално не им е потребна виза за влез во европските земји во Шенген зоната. Системот собира лични информации, детали за пасошот и историја на патувања пред да одобри влез во државата. За ова треба добро да се испланира патувањето, затоа што претходно електронски треба да се направи и плаќање на сума од 20 евра.
Дискусиите дека со ова на трети земји – како што се нарекуваат земјите кои не се членки на ЕУ – им се воведува виза, декларативно се отфрлаат. Во објаснуавањето доминира грижата за безбедноста на европските граѓани и , електронската проверка на лица кои имаат работен ангажман во земјите членки на ЕУ. Двата системи за кои ЕУ има донесено одлуки уште во 2018 година требаше да започнат со примена во текот на минатата година како краен рок, но поголемиот дел од дражвите не беа технички подготвени.