ТЕРА

REKLAMA???

Јајцата, маслото и зеленчукот поскапеле најмногу

Цените на дел од основните прехранбени производи бележат пораст, при што најголемо зголемување е забележано кај зеленчукот, маслото за јадење и јајцата, кои поскапеле во просек за околу 10 отсто. Ова го покажува најновиот извештај на Државен пазарен инспекторат.

Анализата е направена врз основа на споредба на цените на 55 производи во четири големи трговски синџири при што се споредени податоците од 1 февруари и 1 април 2026 година.

Според извештајот, вкупното зголемување на цените на анализираната кошничка изнесува околу 0,4 отсто, што укажува на релативно стабилно движење на цените на агрегатно ниво, и покрај поскапувањата кај одредени категории.

Податоците покажуваат дека цените бележат благ пораст. Продажните цени се зголемиле за 0,43 проценти, додека набавните пораснале за нешто повисоки 1,01 процент. Истовремено, просечната бруто-профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28 на 15,80 проценти, што укажува дека дел од товарот од поскапувањата е преземен од трговците со цел да се зачува ценовната стабилност.

Најголеми промени се забележани кај одредени категории производи. Кај основните прехранбени производи има благ раст од 0,45 проценти, при што најмногу поскапеле киселото млеко, сирењето, јајцата и маслото. Од друга страна, безалкохолните пијалоци поевтиниле за 1,01 процент.

Кај овошјето и зеленчукот е регистрирано намалување од 0,86 проценти, иако одредени производи како доматите и кромидот бележат пораст. Кај хигиенските производи, пак, има зголемување на цените од 1,42 проценти.