Кривогаштани се соочува со ограничени финансиски и технички капацитети за собирање отпад и чистење диви депонии. Во општината, каде што комуналното претпријатие треба да ги опслужува населените места со скромен возен парк, а вклучувањето во новиот регионален систем за отпад со депонија во Новаци може да значи финансиски колапс за претпријатието. Но , за граѓаните ова и не е важно, тие бараат чиста животна средина, без никнување на диви депонии и отчет колку смет се подига дневно.

Дали малите општини ќе можат финансиски да го издржат регионалниот систем за управување со отпад? Во Кривогаштани, ограничениот буџет и недостигот од исправни возила веќе го отежнуваат работењето на комуналното претпријатие. Мониторингот на ЛАГ „Агро Лидер“, во рамките на програмата на ИФЕС, покажува дека за чистење на дивите депонии нема посебно издвоени средства. Во буџетот за собирање на отпад за оваа година биле издвоени 150.000 денари.
предизвиците, вели директорот на јавното комунално претпријатие „ПЕЛАГОНИЈА“ Дарко Цуцулески , се големи.

„Еден од најголемите предизвици е собирањето отпад на местата каде што жителите го одлагаат. Во сите 12 села имаме поставено контејнери и канти. Проблем е и обновувањето на возниот парк. Немаме услови за да го направиме тоа. Нашето претпријатие нема доволно средства за да го обнови возниот парк. Затоа што… Возилата се стари, некои се во употреба со години. Едно од нив веќе е во многу лоша состојба. Имаме една камионска цистерна, сега две, со седум вработени и два трактори, од кои два се неисправни…Ситуацијата е навистина многу тешка, многу тешка…Исто така, ја субвенционираме услугата за одлагање отпад на депонијата во Крештари, во општина Долнени, во рамките на предвидениот лимит. Станува збор за околу пет давачки, а за останатите трошоци нема пари. Можам да кажам дека планираме да воведеме селекција на пластика. Во населеното место Кривогаштани, на улицата „Филип Втори“, поделивме канти. Се надевам дека и во селата наскоро ќе имаме можност да воведеме селектирање пластика, односно селективно собирање отпад.“ – рече тој.
Проблемот, според учесниците во дискусијата, не е само во недостигот од пари и опрема. Дивите депонии се враќаат ако нема контрола, одговорно одлагање на отпадот и промена на навиките. Но, за тоа се потребни и институционална поддршка, транспарентност и вклучување на жителите.
Еден од учесниците родум од Кривогаштани го праша директорот кои се најголемите пречки за искоренување на дивите депонии и каква поддршка треба да обезбедат надлежните институции за нивно санирање?
Овој одговори дека треба да се поработи на свеста на граѓаните.
И за подигнување на свеста се потребни средства, кои , засега претпријатието задолжено за одржуавње на чистата животна средина ги нема, најпрвин затоа што општината е како и многу другио пелагониски – мала со нешто малку над 5.000 жители. Во меѓувреме, регионалниот план за управување со отпад предвидува нова инфраструктура и регионален центар во Новаци. и овде е клучниот проблем за Цуцулевски, предложениот економски модел за Депонијата и за фабриката за обработка и селекција на отпадот што се гради во Прилеп подразбира наплата на услугите, и дополнително финансиски трошок за траснпортот на отпатот. А тоа може да доведат до финансиски колапс на претпријатието.

„Разговаравме со градоначалници и со претставници на локалните комунални претпријатија. Не можам точно да кажам, но станува збор за околу 70 до 80 евра. Тоа дополнително ќе го провериме. Тоа значи дека ќе дојде…До ситуација во која…Ако продолжиме вака, буквално ќе мораме да го затвориме претпријатието и да престанеме со работа.
Ќе треба да ги покриеме и тие трошоци, покрај сите други обврски за кои зборуваме. Тоа ќе биде проблем. Не знаеме како ќе успееме да ги покриеме трошоците и како ќе продолжиме да функционираме.
Но, сепак, мислам дека ова е добра работа. Се надеваме дека ќе успееме да ги надминеме овие проблеми.“ , зборуваше на дебатата директорот Цуцулески.
Се на се, дискусијата во организација на ЛАГ Агро Лидер, а со поддршка на ИФЕС отвори неколку клучни прашања отвори неколку клучни прашања, но истовремено понуди и сознанија каде навистина треба да се насочи граѓанскиот активизам, а каде транспарентноста на добро испланираните и реализирани изборни ветувања.
Мониторинг на реализацијата на изборните ветувања и мерките на локалната власт е активност во рамките на швајцарскиот проект Програма за поддршка на изборите имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Содржината/мислењата/ на никаков начин не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија и на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).












