Kако работи локалната самоуправа? Што од предизборните ветувања е реалзиирано? Дали граѓаните се само нема публика која нема влијание на ниту една одлука што ја носат избраните политичари. Овие и други прашања кои произлегуваат од демократските принципи се под мониторнинг на меѓународната фондација за изборни системи- ИФЕС.

Одговорно управување, транспарентност, отчетност и информиран ангажман на граѓаните. Поимите се поврзани механизми на демократијата кои во денешно време значат дека граѓаните не само што ја избираат власта, туку имаат редовна и квалитетна информација која ги прави активни учесници во креирањето на решенија од нивни интерес, интересот на целата заедница.
„Мониторингот на изборните ветувања не само што бара одговорност од избраните функционери, туку и го забрзува спроведувањето на овие ветувања, што е од корист за заедницата“.- вели искуството на ИФЕС, организација која ја набљудува и мери работата на локалната самоуправа од 2020 година. Сега го спроведуваат петтиот по ред, со помош на 8 граѓански организации следат 27 предизборни ветувања во 16 општини. Интерактив е една од нив задолжена за Битола, здружение за меѓународна младинска соработка со цел да обезбеди нови можности за локалната младина.

Целе Јоелвски е ангажиран во Интерактив„. Проектот е од фoндацијата ИФЕС, каде што ние ги мониторираме две работи, конкретно за Обштина Битола, за изработка на стратегија за развој на зеленилото и поставување на подземни контенери за комунален отпад.
Мониторингот го реализираат со системско собирање податоци во согласност со посебна методологија на ИФЕС. За општините Кривогаштани и Прилеп е задолжена Локалната Акциона Група ( ЛАГ) Агро Лидер од Кривогаштани, чии активности се фокусирани кон одржливиот развој во руралните средини.

И оваа организација мониторира две посебни ветувања – подобрување на системот за собирање комунален отпад и превенција од создавање на нелегални депониички и депонии.
Но, мониторингот не значи само проверка на соопштенијата од општинате. Мониторингот подразбира и споредување на програмите, предвитените пари за конкретните мерки во буџетот, нивната реализација. Паралелно се собираат и обработуваат информациите од граѓаните. А вистината / реалноста се проверува на терен.
Даниела Цветаноса е од ЛАГ АГро Лидер „Проектот започна со мониторинг на општинските програми и на буџетот за 2026 година во општините Прилеп и Кривогаштани.„Едниот аспект на активностите и на мониторингот беше тој, а вториот аспект е директното учество на граѓаните, преку пополнување прашалници и преку директна комуникација со граѓаните, кои всушност ги потврдуваат или не оние дадени наоди и проекти кои што се запишани во програмите и во буџетот за 2026-та на општините.“

Даниела вели во досегашната реализаија на мониторингот биле директно опфатени преку 150 граѓани, а здружението реализирало и јавни кампањи во кои бие опфатени уште 250 гражани на овие две општини.
Интерактив пристапил поинаку. Најпрвин со директна комуникација со надлежните, а потоа и со организирање јавна трибина на која граѓаните им поставувале прашања на градоначалникот и директорот на ЈКП „Комуналец“.
Наодите од теренот и од мониторингот на општинските програми и буџети се објавуваат со различна динамика. ЛАГ АгроЛидер – квартално и се објавуваат според однапред утврдена методологија вели Даниела. Во Битола, пак, податоците се собираат на месечно ниво.
Јолевски вели „Тоа го правиме на месечна основа, значи еднаш месечно. Дали разговараме со секторот за урбанизам во Општината, дали пуштаме допис за информација од јавен карактер и со тоа ги собираме и ги прибираме податоците – до каде се одвива или до каде е во тек самата постапка.“
Граѓаните може резултатите да ги видат во секое време на посебната платформа на интернет страницата на ИФЕС преку Матрицата за мониторинг кадешто може да се провери за секоја од 16-те општини што се следат. Црвено, жолто и зелено означуваат што од ветувањата е завршено, кое е „во фаза“, а кое е „во фиока“.

По завршувањето на овој циклус мониторинг , нема да следува препорака или совети, ниту помош за општините. Целта на проектот е да го следат тоа што го прават избраните функционери.
Даниела вели „Нашата цел на проектот е само мониторирање на програмите и на буџетот за 2026, и секако наредна година за 2027 година, но не и давање на препораки.“ Но мониторингот не значи само проверка на тоа што го објавила општината.
Се споредуваат програмите, буџетите и реализацијата, а паралелно се собираат и информации од граѓаните. Токму ова е важниот момент – институционалната информација да се провери со реалноста на терен.
А на крајот, мониторингот треба да даде јасна информација – дали и колку локалните власти се придржуваат до своите предизборни ветувања и до она што го внеле во општинските програми и буџети. Секако, ќе даде и јасни потсетувања и прашања: што беше ветувано, што се испланирало, колку е реализирано, и, дали има застој или пак само отстапување од програмите заради кои граѓаните гласале.











