ТЕРА

REKLAMA???

Матурантите ќе полагаат три типа завршен испит

Во согласност со новиот Законот за средно образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

-Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. Помал е обемот и бројот на часови во стручните и во уметничките училишта и овој пат материјалот што ќе го полагаат учениците ќе биде приспособен на она што тие го изучувале во текот на четири години, посочуваат од Министерството за образование.

Според календарот на Државниот испитен центар, кој ги организира и спроведува екстерните испити, државна матура 2025/2026 гимназијалците ќе полагаат на 6 јуни, за кога е закажан тестот по англиски јазик, француски, германски, руски и  италијански јазик, математика или историја, а на 11 јуни ќе го полагаат испитот по мајчин јазик и литература.

Учениците што ќе полагаат државна стручна матура првиот екстерен испит ќе го полагаат, исто така, на 6 јуни и ќе избираат помеѓу тест за англиски јазик или тест за математика. Екстерниот испит по мајчин јазик и литература учениците од стручните училишта ќе го полагаат на 12 јуни.

Државна уметничка матура ќе се плага на 6 јуни (англиски јазик или историја) и на 12 јуни – испитот по мајчин јазик и литература.