ТЕРА

REKLAMA???

Пелистер под еколошки надзор-пастрмката и водите во фокусот

Заштитата на природата на Пелистер не значи само зачувување на шумите и животинскиот свет, туку и постојано следење на здравствената состојба на дивите животни и квалитетот на водите. Од НП „Пелистер“ најавија и ново истражување за состојбата и бројноста на ендемичната пастрмка.

Загадување на водите во пониските предели, но засега без регистрирани загадувања во повисоките зони на Националниот парк Пелистер. Особено внимание е потребно поради појавата на заразни болести кај животните во регионот, кои би можеле да претставуваат ризик и за дивите видови во националниот парк. – беше прашано и дискутирано на неодамнешната средба на оваа национална установа со заинтересирани страни, при помоцијата на дигиталните планинарски патеки на новата веб страна.

„На кој начин ќе правите мониторинг за тоа дали има болест, дали болеста што ја загрозува Македонија и животните кои се одгледуваат во приватни одгледувалишта нема да се прошири кај дивите животни? Дали имате контакт со нашата институција и дали, доколку најдете угинато животно, имате процедура да повикате ветеринарен доктор и инспектор?“- праша претставничка на Агенцијата за храна и ветеринарство во Битола.

Директорот на Националниот парк, Иванчо Тошевски  објаснува дека постои постапка за секој ваков случај. При пронаоѓање угинато животно се зема примерок и се испраќа на испитување доколку постои сомнеж за заразна болест. Сето тоа е одговорност на биолошкото одделение на националчниот парк. „Секое угинато животно се зема како примерок, се праќа примерок, доколку постои сомнеж за заразна болест.“

Паралелно, вели Тошевски,  се подготвува и посебно истражување за ендемичната пастрмка, кое треба да даде појасна слика за состојбата на нејзините живеалишта.

„Посебна работа која ќе започне веројатно по 20 ноември и ќе трае во текот на месец декември. Тука ќе се води сметка и за застапеноста и за бројноста на пастрмката и веројатно ќе даде првични податоци колку тие живеалишта се добри, во каква кондиција се и дали е потребна некаква реставрација.“

Но, најголема заинтересираност кај граѓаните, а и наголемо внимание кај вработените во националниот парк Пелистер е проблемот со загадуавњето на водите. Кај повисоките делови од планината, кадешто се наоѓаат живеалиштата на чувствителните видови се без регистрирано загадување.

„Најодговорно ви тврдам дека имаме загадување само во пониските региони на Пелистер, додека во повисоките региони, таму каде што се живеалиштата на овие видови, досега не сме забележале такво нешто.“

Кадешто има граѓани, граѓански организации и чинители во туристичката индустрија кому сите сегменти од животот и одржувањето на планината се од интерес, се дискутира и за односот на секој посетител кон природата, како диектно влијание на нејзината состоба.

„Пелистер и зачувувањето на природата е обврска на сите нас. Јас често пати кажувам, колку и грубо да звучи, дека хигиената што ја имаме во нашата околина е директен одраз на менталната хигиена што ја имаме.“

Иако не постои официјално рангирање, сепак планината Баба со нејзините врвови важат за едни од најочуваните, еколошки најчистите и најзначајните природни средини во државата.