ТЕРА

REKLAMA???

Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата за 14,27 %

РКЕ денеска ги зголеми цените на нафтените дериват и горивата во просек за 14,27 % .

Во објаснувањето на чекорот појаснуваат дека „Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 13,384% или за 95,150 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 36,134% или за 266,250 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 32,102% или за 230,650 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 27,870% или за 108,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.“

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 5,00 ден/лит,  па така ЕУРОСУПЕР БС-95 од денеска на полноќ ќе изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 14,50 ден/лит, во однос на досегашната малопродажна цена па ќе изнесува  85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 12,50 ден/лит, ќе изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 7,044 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,586 ден/кг.