Од донесувањето на локалниот еколошки акционен план до вчера имаат поминато две години, а Општината вчера ја одржа првата координативна средба на телото што треба да го спроведе. Всушност, според хронологијата на податоци кои се објавени на официјалната општинска интернет страна, и законската обврска за формирање на координативно тело се реализирала две години по донесувањето на планот.
Деновиве некои од порталите пристуни во македонската сфера на веб страници оаголемо објавуваат успешна приказна за Опшина Битола: дека се одржала првата седница на Координативното тело за следење на имплементацијата на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП).
Во објавата од Општина се вели „На седницата беше нагласено дека донесувањето на ЛЕАП е почетна основа, додека неговата вредност се потврдува преку реализацијата на планираните мерки и постигнувањето конкретни резултати.“ Градоначалникот на 11 те присутни новоназначени членови на координативното тело им „Нашата заедничка задача е ЛЕАП да го претвориме од стратешки документ во конкретни резултати. Само преку континуирано следење, одговорност и добра координација можеме да постигнеме реални подобрувања во животната средина и квалитетот на живот во Општина Битола“.

Во споделената вест нема информација за јавноста да дознае што се работело, колку пари се потрошиле, кои организации го имале статусот „партнерски“ што подразбира дека заедно пари давале ( Општината-буџетските и партнерот-грантот или донацијата). Нема ниту информација зошто координативното тело не се формирало со днесеувањето на ЛЕАП-от кој, претставува програма за работа на општината донесена во 2024 година.
Оттука, формата комуникација со граѓаните е запазаена, но суштината за добра информираност , врз којашто подоцна би имало активни граѓани, не е .
Неколку факти кои говорат во прилог на последниот новинарски заклучок.
Локалниот еколошки акционен план е доненесен, однос објавен во 2024 година и се однесува за временската рамка од 6 фискални години – од 2024 до 2030та година.
Оттогаш до март 2026 година во јавно достапните информации на општината нема никакво споменување за активности поврзани со овој акционен план. А дали бил само мртво слово на хартија – неможе да се каже, затоа што планот има конкретни активности за кои се обезбедувале конкретни пари од буџетот, но за тоа нема информации.
Во март 2026 година, градоначалникот се сетил дека за ЛЕАП-от законска обврска на општините е да направат координативно тело.
До 7 јули оваа година се подготвувала конкретната активност, кога Советот донел одлука за именување негови членови.
И оттогаш досега, до 7 октомври, никој не иницирал сосотанок, средба, кафе пиење или слично. Градоначалникот повторно ја покренал иницијативата за Првата средба на координативното тело.
Јасен е временскиот јаз. Законот за животната средина предвидува рокови за воспоставување на формалниот механизам за координирано следење на Локалниот еколошки акционен план, а има и предвидено гоишна координација со министерството.
И уште една работа фали во целосно транспарентното однесување на Општината – нема информација за јавноста, освен за членовите на координативното тело, што се работело од парите на ЛЕАП-от од денот на донесување, до денот на формирање на координативното тело. А овој за 2026 година предвидува подземен катастар, зелен катастар, кампања за подигнување на свеста на населениет за отпадот, поставување на посебни контејнери за рециклирање.
Засега , за некои од овие ставки, мониторингот што се прави на предизборните ветувања и реализираните ветувања, за општина Битола покажува црвено.
фотографии: слика од екран











