ТЕРА

REKLAMA???

Седум од вкупно 10 земји во ЕУ имаат најголема потрошувачка на алкохол во светот

Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен, предупредува Светската здравствена организација (СЗО).

Во ЕУ се наоѓаат седум од десетте земји со најголема потрошувачка на алкохол по глава на жител во светот, а меѓу најголемите потрошувачи се Романија, Летонија и Чешка.

Во најновиот извештај, СЗО наведува дека пивото станало подостапно во 11 земји на Европската унија, додека кај жестоките пијалаци овој тренд е уште поизразен во дури 17 држави.

Со конзумирањето на алкохол европските граѓани го ставаат во ризик своето здравје.

Во извештајот, СЗО посебно нагласува дека во 14 земји членки, вклучувајќи ги големите производители Италија и Шпанија, виното воопшто не се оданочува.

Алкохолот е главен фактор на ризик за рак, а ризикот се зголемува со зголемување на потрошувачката.

Според СЗО владите треба да се стремат кон намалување на потрошувачката на алкохол за да ги заштитат луѓето од неговите штетни влијанија, а зголемувањето на цената на алкохолните пијалоци преку даноци е една од најефикасните мерки што владите можат да ги преземат.