ТЕРА

REKLAMA???

АВИЈАЦИЈАТА НА ПОЛСКА ВО СОСТОЈБА НА ГОТОВНОСТ ПОРАДИ РУСКИ ЗАКАНИ

Полски воени авиони и авиони на нејзините сојузници беа активирани рано утрово за да го обезбедат воздушниот простор на Полска, земја која граничи со Украина, информираат полските вооружени сили.

Ова се случува по третпат во последните осум дена. Нешто претходно, украинската армија соопшти за руски напад со дронови врз градот Лавов, кој се наоѓа близу полската граница.

Украинските вооружени сили известија за руски ракетни напади врз Киев и напади со дронови врз западниот град Лавов, изведени во текот на ноќта.

Очевидци велат дека чуле неколку експлозии во предградијата на украинскиот главен град.

Американскиот претседател Џо Бајден го осуди рускиот ракетен напад врз воен институт во североисточниот украински град Полтава, во кој загинаа 51 лице, а 271 беа повредени.

Во меѓувреме тројца министри во Украина поднесоа оставки.Министерот за стратешка индустрија на Украина, Олександр Камишин, министерот за правда Денис Маљусик, министерот за заштита на животната средина и природни ресурси Руслан Стрилц и шефот на Фондот за државен имот Виталиј Коваљ денеска поднесоа оставки.