ТЕРА

REKLAMA???

АКУМУЛАЦИЈАТА „СТРЕЖЕВО“ ГИ ПРИФАЌА НАДОЈДЕНИТЕ ВОДИ

Акумулацијата “Стрежево” сè уште има доволен акумулационен простор да ги прими сите надојдени води после вчерашното невреме и евентуално нови води кои би се појавиле како последица на интензивни врнежи во следниот период.

Стрежево е подготвено за вакви неповолни состојби и води грижа да се елиминираат сите последици од штетното дејство на водите во битолскиот регион.

Јавното претпријатие “Стрежево” е подготвено да излези на терен со својата механизација и да им помогне на граѓаните и институциите во справувањето со последиците од временските непогоди кои се случија, соопштија од Стрежево.