Во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври во 03:00 часот, започнува зимското сметање на времето. Со поместување на стрелките еден час наназад, на 02:00 часот, добиваме еден час подолго спиење, но и побрзо стемнување во попладневните часови. Со ова официјално завршува летното сметање на времето. Иако идејата со децении беше да се заштеди енергија и подобро да се искористи дневната светлина, анализите на Европската комисија покажуваат дека заштедите се само маргинални.
Европскиот парламент уште во 2019 година гласаше за укинување на оваа пракса, но конечната одлука за усогласување сè уште е на повидок. Македонската влада порано најави дека ќе го следи ставот на Брисел. Додека тоа не се случи, продолжуваме да ги вртиме стрелките двапати годишно.
Не заборавајте сабота навечер да ги наместите вашите рачни часовници и домашни апарати. Телефоните и паметните уреди ќе го сторат тоа автоматски.











