ТЕРА

REKLAMA???

АКЦИСКА КОНТРОЛА ЗА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ ВО РАМКИТЕ НА „БЕЗБЕДНО ЛЕТО“

На 16.07.2023 во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведе акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти и точење алкохол на малолетни лица во 14 угостителски објекти во Битола и обиколки на повеќе локации во градот, при што биле легитимирани 65 лица.

Притоа, во двор на основно училиште биле затекнати тројца малолетници под дејство алкохол кои биле предадени на родителите.

Во продажен објект на ул.„Широк Сокак“ малолетник бил послужен со алкохол.

Во угостителски објект на градскиот плоштад во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен затекнале малолетник после 24.00 часот, кој бил предаден на родителите. За сите неправилности ќе следуваат соодветни поднесоци.