ТЕРА

REKLAMA???

АКЦИСКА КОНТРОЛА НА СВР БИТОЛА ВО БИТОЛА, ПРИЛЕП И РЕСЕН

Битолската полиција соопшти дека на 15.07.2023 година во времето од 00:00 до 04:00 час, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола постапено е по план за „Безбедно Лето 2023″ при што извршена е акциска контрола за присуство на малолетници во 7 угостителски објекти за точење алкохол на малолетни лица при што легитимирани биле 50 лица и констатирано било присуство на 6 малолетници и 2 точења на алкохол на малолетни лица.

Во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен, во простории за забава по 24 часот и во два угостителски објекти, затекнати биле 11 малолетници.

Во Прилеп, на улица, без надзор од родители се затекнати двајца малолетници после 24 часот при што истите се предадени на родителите, стои во соопштението на полицијата.