Како што најавија од „Стентон градба“ изведувач на градежните работи за изградбата на новиот мост кај Довлеџик, денеска се асфалтира мостот, а сообраќајот е во прекин на улицата Довлеџик.
Затворањето на улицата не е од кај кружниот тек кај Педагошкиот факултет, туку погоре на улицата каде што се дели патот за Бусничката населба, а со цел нормално одвивање на сообраќајот во овој дел.












