ТЕРА

REKLAMA???

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЦАНЕ ВАСИЛЕВ”

Со денешното асфалтирање на улицата „Цане Василев”, се финализира проектот за реконструкција на оваа улица.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на работните активности на терен, каде се сретна со дел од жителите на оваа улица, кои ја потврдија неопходноста од подобрувањето на инфраструктурните услови во овој дел на градот.

Градоначалникот Коњановски, информираше дека улицата „Цане Василев” е 12 улица од предвидените 23 за реконструкција оваа година. Од почетокот на градежната сезона во Битола, покрај улицата „Цане Василев”, завршено е асфалтирањето и на улиците: „Македонска фаланга”, „АСНОМ”, „Довлеџик”, „Солунска”, „Брегалничка”, „Штипска”, „Бранислав Нушиќ”, „Христо Узунов”, „Вера Циривири Трена”, а од руралните места завршено е асфалтирањето на улици во селата Дихово и Логоварди.

Покрај завршеното асфалтирање на наведените улици, во тек се и работни активности за реконструкција на 4 други улици, а локалната самоуправа веќе изготвува проектна документација и за улиците кои ќе се реконструираат во Битола, идната градежна сезона.