Македонскиот драмски писател, драматург, сценарист, поет, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература, Зоран Пејковски ја објави најновата збирка песни „Бескрајно светла точка“.
Истата е посветена на неговиот син Андреј, а по повод неговиот 20-ти роденден. Со оваа збирка, всушност се заокружува бројот од 25 објавени поетски збирки до овој период на Пејковски. Рецензент на збирката е проф.д-р Васил Тоциновски, а дизајнот на корицата е на проф. Весна Мундишевска-Велјановска.
Претходно Пејковски го објави драмскиот еп „Нож“, кој претставува најзначајно книжевно дело од македонската историја, а во март оваа година и збирката песни „Убавите жени“ .
Збирката песни „Бескрајно светла точка е негова 25-та по ред збирка песни, од вкупно 55 -книжевни дела.
Тој е и редовен академик на Руската Федерација, а од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, France & Switzerland) е назначен за почесен амбасадор на мирот. Во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европска Унија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година, член е на Друштвото на светските поети (Poetas delmundo) со седиште во Чиле од 2017., а тој е и почесен член на Сојузот на Украинските писатели од 2018 година. Член е и во друи писателски асоцијации и друштва.
Меѓу другото работи и како академски соработник и доцент по предметите „Театар и „театрологија“ на Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје, а еден период тој беше и асистен на ректорот Јордан Плевнеш.












