Да се биде своја е една од најважните работи што можете да ги правите во животот. Тоа значи да ги прифатите вашите уникатни квалитети, интереси и личност, наместо да се обидувате да се усогласите со она што другите го очекуваат од вас. Кога сте доследни на себе, поголема е веројатноста да бидете среќни и исполнети во вашиот живот.
Токму поради тоа ја организираме и оваа ноќна женска трка наречена “Биди Своја”, вели во спорската емисија „Ринг“ на ТВ Тера Маја Атанасовска, основач на спортското Здружение „Бори се за целта“.

Атанасовска е воедно и организатор на оваа прва ноќна женска трка во Битола и вели дека е задоволна од интресот за учество во истата.
Кои се предизвиците да се реализира еден ваков масовен настан?
Женската ноќна трка ќе се одржи на 17-ти јуни со почеток во 20 часот. А претходно како што вели Атанасовска во 17.30 ќе се одржи и детска трка која ќе биде на 500 метри, а ќе трчаат деца до 14 години како и деца со попречености.
Но тоа не е се. Организаторите најавуват и дружба со ВИП спортисти
Повеќе информации за трката гледајте во емисијата „Ринг“ со колегата Зоран Мишевски која ќе се емитува на програмата на ТВ Тера в петок во 20 часот.












