ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА СО НАЈУБАВА НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА СО „ЗИМСКАТА ПРИКАЗНА“

Програмата на Зимската приказна на петтиот ден, продолжи во Старата битолска чаршија со група Преродба, Дејание и Сара, група Маестрал и Адути бенд.

Има ли дете, а веруваме и родител, кој не ја знае Биби?Токму вчера на платото пред Офицерскиот дом беше претесно за сите оние кои дојдоа да видат и чујат што има Биби да им порача во Новата година.

А после тоа следуваше настапот на Камерниот оркестар на Битола, Поп рок хорот, Ние запирка другарите.

Во петок програмата продолжува со  Стара битолска чаршија со групите Ѓердан, За мерак и Оскар, а пред Офицерскиот дом со детстката претстава „Зимска приказна“, патувањето низ магичниот свет “Волт Дизни“, групите Калабалак, Битолските тамбураши и Е-motion.