ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА ТАНЦУВА СО „СТЕП АП“

Додека надвор блесна “Зимската приказна” на фасадата на Офицерски, внатре Битолчани ги учеа чекорите танцувајќи англиски валцер  во Кристалната сала заедно со 
,,Step Up”.Настанот со наслов „Битола танцува“ беше поддржан од Општина Битола.

„Задоволни сме од интересот и посетеноста. Голем број од оние кои побараа дополнителни информации за настанот не очекуваа дека тие се оние кои ќе имаат можност да танцуваат. Не очекуваа интерактивна забава во прекрасен амбиент како создаден за вакви и уште поинтересни настани. Проектите продолжуваат и во 2023 со уште поинтересни содржини и настани “, ни изјавија од Степ ап.

Овој настан воедно беше и заокружување на успешната танцова сезона за нив. Имено тие само во текот на 2022 година освоија 73 златни, 28 сребрени и 23 бронзени медали .Тука е и  учеството на една нивна двојка на светското првенство во стандардни танци кое се одржа оваа година во Софија.

Степ ап се еден од најтрофејните клубови во Македонија кој се занимава со спортски танц во рамките на Танцовата спортска федерација, а кој истовремено имал и најмногу конкуренција во дисциплините кои ги практикува.

Единствени учесници се од цела Македонија со три девојки на првиот натпревар за соло латино девојки кој се одржа во Сараево. Две од нив се вратија со бронзени медали, во конкуренција од над 20 девојки од повеќе земји учеснички. Од Степ ап додаваат дека сите оние кои имаат желба рекреативно да се занимаваат со танц, може да им се придружат, клубот активно работи и тренинзи одржува два пати неделно.