ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКА ПРЕМИЕРА НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ЈАНSА“

Филмот „Јанѕа“, кој го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик Блаже Конески, ја имаше својата премиера во Битола во Центарот за култура.

Истиот е подготвуван и сниман во период од три години, и драматуршки зборува за патување низ времето, за она што сме денес и што ќе бидеме утре. Филмот е подготвуван според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Во продукција е на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Монтажата на филмот е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски. Како директори на фотографија се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки.

Сценаристот и режисер на филмот, познатиот документарист Калајџиски, зад себе има кариера со голем број документарни филмови кои се прикажувани на домашни и меѓународни фестивали.

На премиерата присуствуваше дел од екипата како и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Филмот е подготвуван во период од три години, со над 25 соработници и од 40 до 50 снимачки дена.

Огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за нашата држава се претставува преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и воопшто научници / истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, вклучително и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на великанот – негови современици и потомци.

Филмот е реализиран сo поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Проекцијата на филмот во Битола е во рамките на програмата за дбележување на  Денот на македонскиот јазик, под слоганот „Пишувај на кирилица!“.