Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за новата сезона во Женската лига. Двата битолски суперлигаши се избегнаа и ќе играат во различни групи.
Група А:
ЖРК Куманово, ЖРК Вардар, ЖРК Чаир, ЖРК Пелистер, Шампион, Гевгелија, Спартак, ЖРК Скопје
Група Б:
ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, Стружанка, Деспина, Овче Поле СУ, Астибо, Феникс АМС, Кузман Вардар
За новата сезона се пријавија 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи и до крајот на годинава ќе одиграат по 14 кола.
Првото коло од женската Суперлига ќе се игра на 10 и 11 септември.












