ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНЕЦОТ ДАВОР НЕЌАК ДЕЛ ОД НАЈНОВАТА ОПЕРА ВО РИЕКА

Крајот на оперската сезона во Риека донесе уште едно збогатување на репертоарот во Хрватска. Хрватскиот народен театар смело ја постави „Пиковата дама“ на Чајковски како последна премиера оваа сезона. По големите репертоарски потфати, на ред дојде операта на Чајковски во комбинација на раскошен симфонизам со музичка драма од словенски тип. „Пиковата дама“ е опера во три чина на заснована на руско либрето, базирана на истоимената новела на Александар Пушкин од 1834 година. Битолчанецот оперскиот пејач Давор Неќак заедно со Роберт Колар наизменично ја играат улогата на грофот Јелецки.

Операта е во режија на Кристијан Романовски и Дуња Вејзовиќ, која настапува во улогата на Пиковата дама. Во останатите улоги се Иван Момиров, Лиза Маријана Мартиросјан, Агнес Торштајн, Лука Ортар, Боже Јуришиќ Пешиќ , Марко Фортунато Дарио Дуганџиќ, Славко Секулиќ, Сергеј Киселев, Емилија Рукавина, Софија Цингула, Габријела Деглин, Џулија Диомед и Карла Мацароли и актерите Јасмин Мекиќ и Јелена Лопатиќ.

Покрај симфонискиот оркестар од Риека и хорот на операта, учествуваат и детскиот хор и балетскиот ансамбл на Хрватскиот народен театар.

Костимографијата е на Мануела Паладин Шабановиќ, сценографијата на Кристијан Романовски, дизајнот на светлото на Далибор Фугошиќ, а кореографијата и сценското движење на Јане Боере. Диригент е германскиот маестро Валентин Егел.

Првата изведба на оваа опера беше на 6 мај 1950 година, под диригентство на Станко Шимуниќ, а во режија на Јурислав Корениќ. Концертната изведба на се одржа на 28 мај и 19 јули 1976 година, а на 12 јули истата година беше изведена и на Оперскиот фестивал во Опатија пред 2.500 гледачи.