ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНЕЦОТ ИВАН ТРАЈКОВСКИ СО КОНЦЕРТИ ВО ПРИШТИНА И ЃАКОВИЦА

Битолчанецот, пијанистот Иван Трајковски, одржа концерти во Приштина и Ѓаковица, заедно со виолончелистката Поема Диласи, од Косово. Таа работи во Косовската опера во Приштина. Овие концерти беа поддржани од Министерството за култура на Косово. Соработката на музичарите започнала минатата година кога имале концерт во Приштина, а истата како што не информираше Трајковски, ќе продолжи и во иднина затоа што Поема се запишува на магистерски студии во Скопје.

Инаку Трајковски (1994) е роден во Битола, каде средното музичко училиште го завршува во класата на проф. Маргарита Татарчевска и проф. м-р Јана Четелева- Белевска. Во 2013 се запишува на Факултетот за музичка уметност- Скопје во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска. Зема учество на семинари кај познати пијанисти. Во текот на своето образование бил учесник на натпревари на државно и меѓународно ниво, каде остварува високи резултати, а учествува и на значајни концерти каде покрај соло, настапува и во камерни состави. Една од главните награди е и онаа за најуспешен млад музичар на фестивалот на класична музика “Интерфест 2017 ” и многу други.

М-р Иван Трајковски магистрира музичка интерпретација и композиција на Отсекот за пијано при Факултетот за музичка уметност во Скопје. Учествува на значајни концерти каде што настапува солистички и во камерни состави на Факултетот за музичка уметност во Скопје и во Македонската филхармонија. Трајковски е вработен сум во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” Во Скопје како професор по пијано, исто така професор сум исто во приватното школо Пијано форте и корепетитор на ФМУ Скопје. Паралелно подготвува  концерти со колеги од Македонска филхармонија и Македонската опера и балет во различни состави, дуа триа, проекти поддржани од Министерството за култура.