Битолчанецот Михаил Талевски потпиша договор со екипата на Осијек од Хрватска, со траење од три години. 18-годишниот напаѓач за кого ова ќе биде голем интернационален предизвик е презадоволен од остварената соработка со хрватскиот клуб.
Талевски минатата сезона играше за екипата на Пелистер, а во хрватското првенство се сели веднаш.
Од битолските фудбалери во Хрватска со успех настапуваа Ставревски, Ивановски, Китановски.












