ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНИ ДЕЛ ОД НОВИОТ ГУДАЧКИ АНСАМБЛ „АНТЕО“

Концертот на гудачкиот ансамбл „Антео“, во црквата „Света Софија“ во Охрид, го отвори одбележувањето на 24.Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

Оваа година настанот се одржуваше под мотото „Писмото е нашиот универзум“. Свеченото одбележување започна токму во колевката на словенската писменост.

Ансамблот „Антео”, изведува музика на светот и ја инкорпорира во македонското звучно милје во кое се вткаени традицијата и современоста. Музика која е авторска, но која во себе содржи влијанија од музиката родена под поднебјата на Франција, Шпанија, Балканот – или спој од западните класични вредности во фузија со богатиот фолклор на различните народи кои живеат и творат на македонската почва.

„Антео” свират музика со жар и страст, со разновидна ритмика и впечатливи мелодии кои создаваат слика на живописен пејзаж. Во ансамблот членуваат: Сашо Поповски, Владимир Крстев, Иван Бејков, Биљана Јосифов, Филип Димишковски, Драган Теодосиев, Марија Михајловска.