ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНИ СО СВОИ ИДЕИ И ПРОЕКТИ ВО КРЕИРАЊЕТО НА БУЏЕТОТ

Викендов градоначалникот, директорите на јавните претпријатија од градот и дел од советниците од ВМРО ДПМНЕ на средба со граѓаните. Граѓаните имаа можност да им ги пренесат своите идеи и проекти со цел да учествуваат во креирањето на новиот буџет на општината.

„Во духот на транспарентноста, отчетноста и отвореноста со граѓаните општина Битола продолжува и понатаму.Впрочем за тоа добивме и високо признание за лидер во однос на транспарентноста и отчетноста. Како што напомена Сајкоски во изминатиот месец веќе самоиницијативно имавме буџетски форуми на кои во 4 фази, 4 недели, 4 средби ги сумиравме и она што презентиравме е направено, меѓутоа уште повеќе идејата беше да се осознае и да се побара од граѓаните нови идеи, нови проекти.Значи поканети беа сите урбани заедници, беа невладини организации, медиуми беа поканети исто граѓаните секој со свои предлози да учествува“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Дојде и генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, кој од страна на градоначалникот бише информиран дека општината во изминатиот месец одржа четири буџетски форуми на кои што беа поканети сите општествени чинители од градот и урбани, месни заедници, стопански комори со цел да се подобри и да се учествува во изработката на буџетот за да можат да се внесат проекти кои што се значајни за сите граѓани на Битола.

„Имаме отворен ден на кој што исто така свои идеи и предлози даваат граѓаните на општина Битола. Она што е проблем и што треба да биде решено наредниот период да биде во рамките на можности на општина Битола. И во рамките на она што го планирал градоначалникот да биде внесено за да може да се подобри квалитетот на живот на луѓето кои што овие предлози ги даваат до општина Битола и да бидат вградени во следниот буџет.Значајно е да се истакне дека во изминатиот период од она што ме информираше градоначалникот на Битола, дека веќе се издиференцирале дел од работите и може да се каже дека за следната година ќе се изработува една индустриска улица во должина од 2400 метри, која што е од големо значење за луѓето кои што работат и живеат таму, и за претставниците на стопанската комора.Исто така ќе се изработуваат велосипедски патеки, меѓутоа ќе се стави акцент и на изградба на инфраструктура комунална, патна инфраструктура и навистина ќе се види дека општина Битола има разлика д она што било претходно.А дека има разлика може да се види сега бидејќи само за една година градоначалникот изработи преку 20 улици, преку 11 километри асфалт е поставен во општината, и тоа е она кое по кое се разликуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците од СДСМ“, изјави генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

Градоначалникот најави дека и в сабота и недела односно на 10 и 11 декември повторно ќе се одржи отворен ден со граѓаните на Општина Битола.