ТЕРА

REKLAMA???

БЛАГОЈЧЕ ТРАЈКОВСКИ И ЏАМБО АГУШЕВ РАБОТЕА НА МУЗИКАТА НА ФИЛМОТ „ОКЈА“

По повод Оскарите, се потсетуваме на музиката за Корејско-Американскиот филм „ОКЈА“, на која пред неколку години работеа Џамбо Агушев и Благојче Трајковски. Филмот е во издание и дистрибуција на Netflix.

„ Честа за сите нас беше посебна, затоа што работевме со исклучителна филмска екипа, на чело со режисерот Бонг Џун-Хо, кој филмската јавност го знае и памети по освојувањето на 4те Оскари со неговиот филмски хит „Паразит“. Екипа од десетина сериозни професионалци беше дојдена од Кореја во Скопје и поминавме незаборавни мигови работејќи на снимањето на музичкиот материјал“, се потсети Трајковски.

Заедно со Џамбо и неговиот уникатен оркестар, во XLstudioMomiroski беше снимана дел од музиката која предизвика големо задоволство кај целата филмска екипа.