ТЕРА

REKLAMA???

БЛОКОТ 1 ВО РЕК БИТОЛА ВРАТЕН НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА

Блок 1 во РЕК Битола од изутрината во 08 : 35 часот е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена, соопштија утрово од ЕСМ.

Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведе 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во редовно производство.

Стручните служби и вработените во РЕК Битола кои беа вклучени во зафатот, покажаа исклучителна посветеност и непрестана работа на задачата, со цел и покрај амортизираната опрема и долгиот рок на работа на  термоелектраната, за што пократко време да се отстрани застојот и блокот да се врати на мрежа.

РЕК Битола е во очекување да пристигне и трансформаторот за Блок 3 кој во моментот се превезува од Грција кон граничниот премин Меџитлија.