Под мотото „Отворен круг“, оваа година се одржува 53.издание на фестивалот „Илинденски денови“.Над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија настапуваат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена.Ова е фестивал кој трае вкупно 13 денови со 60 настани, како културно ехо на манифестот од 1903.

По 53-ти пат, претставувајќи ја традицијата, фестивалот ги оживува мелодиите на годините кои останале зад нас, вклопени во потребите на новото време, кое значи инвентивност, но и неопходност да се сочува печатот на културите од овие простори.
Изминатите денови покрај фолклорните прошетки низ градот, манифестациите „Музика и танц на Широк Сокак“, љубителите на фолклорот уживаа и во Вечерите на традиционална музика и игра . Па така на 28. јули во рамките на Вечерта на староградска музика и игра настапија: пејачката група Арма‘њ Пирифањ Горди Власи од Скопје, ВИС Ѓердан Штип, КУД. Пензионер Прилеп, ВИС Орнаменти Штип, СГ Сирма Војвода Битола, Распеани Штипјани, Распеани Струмичани, СГ при КУД 8- ми Октомври Крива Паланка, вокалниот октет Прилеп и женскиот хор Теута од Тетово.

Во саботата своето фолкорно богатство во рамките на Вечерта на традиционална музика и игра го презентираа: КУД Илинден од Битола, КУД Тена од Џаково Хрватска, КУД Весели пензионери од Пробиштип, фолклорната група од Сицилија, КУД Ибе Паликуќа од Скопје, фолклорната група од Ирска, АФ Гоце Делчев Битола и групата од Мексико.
Синоќа посетителите уживаа во настапот на градскиот ансамбл од Пожаревац Србија.
Вечер ќе се одржи свеченото затворање на фестивалот и доделување на признанијата и наградите.












