ТЕРА

REKLAMA???

„БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ“ ВО ОФИЦЕРСКИ ДОМ

Со „Вечниот Бог“ во изведба на Детскиот хор „Свети Стилијан“ од Битола започна синоќа Божиќниот концерт во Офицерскиот дом во Битола.

На концертот присуствуваа неговото високок преосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, како и голем број присутни граѓани, кои имаа можност да уживаат во звуците на црковната музика.

„Христос се роди. Вечерва ќе настапат три хора. Дестското црковно хорче „Свети Стилијан“ кое што е формирано пред 7 до 8 месеци отприлика , Машкиот византиски хор Свети Нектариј Битолски и, коишто настапуваат редовно во Храмот Пресвета Богородица и машкиот Византиски хор „Свети Ахил Преспански“ од Ресен. Ќе се отпеат бројни композиции вечерва, а добар дел ќе се изведат во чест на големиот празник. Овај концерт се случува на покана на општина Битола, со благослов на неговото високопреосвештенство митрополитот Петар и се надеваме дека ова ќе прерасне во традиција на задоволство наше а и на битолчани“, изјава Игор Гулевски, протопсалт.

Со црковни музички дела настапија и машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“,и хорот „Свети Ахил Преспански“ од Ресен.
Божиќниот концерт се одржа како дел од чествувањето и одбележуавњето на Божиќните празници кој годинава Општината го организираше по втор пат.