ТЕРА

REKLAMA???

Божиќна магија од Цветанка Белички – Мир, здравје и љубов во секој дом

Во центарот на божиќните празници е семејството, домот. А топлината на домот се отсликува и на трпезата околу која се собира семејството.

Божиќната магија мошне умешно ја доловува дизајнерката Цветанка Белички.

„Божиќ е за многу декорации, многу топлина и светлина во секој агол од домот. За насмевки што доаѓаат од срце, за моменти споделени со најблиските и за надеж што ја разгорува вербата во убавите нешта што допрва доаѓаат. Божиќ е време кога домот станува повеќе од простор – станува чувство.“-изјави за Тера телевизија дизајнерката Белички, која веќе петта година работи на својот бренд Simple Du, каде изработува модни додатоци и сезонски декорации за домот.

За Тера телевизија таа раскажува како успеа да ја создаде божиќната магија која ви ја претставуваме низ фото галерија. „За новогодишната и божиќната декорација во мојот дом ми беа потребни неколку дена – од идеја и изработка, па сè до финалното уредување. Голем дел од декорациите се рачно изработени од мене: машните за елката, свеќниците во форма на машна, свеќите со новогодишни мотиви, стаклените ѕвона, чаршавот за маса, навлаките за перници, машните на вратите и прозорците, венците на вратите, новогодишните слики и уште многу детали.“-вели таа.