„Битола е еден од најважните градови не само за овој регион, туку и за целата држава“ рече Благој Бочварски, член на ЦО на СДСМ и министер за транспорт и врски, на средба со граѓаните како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.

„Потпишавме договор, активностите се започнати, Битола конечно ќе се поврзе со автопат со Прилеп и со тоа ќе биде многу подобро поврзана со централниот дел од државата! Преку нов систем на градење, автопатското поврзување ќе биде завршено за помалку од пет години, што значи дека сегашните генерации ќе патуваат и побрзо и побезбедно до другите градови во државата“ рече Бочварски.















