ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: ПРОЦЕСОТ НА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА МОРА ДА СЕ ВОДИ ИСКЛУЧИВО ОД БИТОЛА

На денешната конференција во рамките на проектот: „Акционен план за праведна енергетска транзиција- Замена на јагленот со обновливи извори на енергија и складирање и импликации за енергетската безбедност и работните места“ во присуство на Евро-амбасадорот Дејвид Гир, претставници од министерството за економија и повеќе засегнати страни, се обрати и заменик градоначалникот на Битола и советник од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Во својот говор Бојкоски рече дека процесот на транзиција во никој случај не смее да се имплементира без активно вклучување на жителите на Битолскиот регион, процесот на праведна транзиција која нема да остави никого назад треба да се води исклучиво од центар за транзиција со седиште во Битола и дека во никој случај не смееме да дозволи транзицијата да се сведи на затворање на термоцентралата РЕК Битола

Во своето обраќање тој се заблагодари на Европската Унија како донатор на овој проект посебно на претставниците на Европската Унија кај нас токму заради фактот, како што вели Бојкоски, инсистираа на вклучување на жителите на Битолскиот регион како најзасегнати од транзиционите процеси во државата.

„За нас проектот е од исклучително значење бидејќи целокупното живеење во Битолскиот регион е многу тесно поврзано со процесите на транзиција. Денес како никогаш до сега многу лесно можат сите да ја разберат улогата на термоцентралата РЕК Битола за цела држава. Термоцентралата РЕК Битола значеше и сеуште значи независност, економски раст, сигурност за инвеститорите, социјална помош и севкупен Развој на цела држава. Битолскиот регион покрај со другото најмногу со термоцентралата „РЕК Битола“ претставува столб на економскиот раст и развој, социјалниот мир и независноста на државата во целина, но за жал досегашното искуство покажа дека и покрај огромниот допринос за државата Битолскиот регион за возврат нема добиено речиси ништо во споредба со доприносот“ рече мегу другото Бојкоски. 

Тој истакна дека квалитетниот процес на транзиција за нас е шанса со помош на надворешна поддршка од меѓународниот фактор да се избориме и да стигнеме до фер и праведна транзиција и енергетска правда.

„Ние стоиме на ставот дека процесот на праведна транзиција која нема да остави никого назад треба да се води исклучиво од центар за транзиција со седиште во Битола“, рече тој.