Деновиве актуелна е темата за свеченото отворање на годинашниот битолски културен фестивал Битфест, кој годинава со како што беше речено, голем музички спектакл ќе биде отворен на стадионот „Петар Милошевски“.
Бојкоски вели дека се уште не набавил билет бидеји има се уште доволно време до денот на стартот на фестивалот.
„Се надевам дека поголем број граѓани ќе ја посетат таа манифестација. Искрено јас не сум запознаен какви се активности ќе има на отворањето, од она што го прочитав низ медиумите и објавата на градоначалникот и Општина Битола, меѓутоа што конкретно ќе се случува немам информација. Се надевам дека ќе биде настан, нешто ново за градот и навистина ќе биде една дополнителна промоција“ вели Бојкоски.
Го прашавме и за ребалансот на буџетот кој ќе се најде пред советниците, а со кој треба да се обезбедат пари и за оваа културна манифестација.
„Во делот на културата и културните манифестации кои што се случуваат во Битола навистина си има одредени лица кои што работат во Општина Битола и искрено не сум посветил толку големо внимание по однос на културата, сепак и по она што го гледате во Советот со моите излагања повеќе сум насочен кон инфраструктурните проекти кои што се изведуваат. Се надевам дека на наредната седница ќе го имаме и ребалансот на буџетот и како секоја година ќе се одвојат доволно финансиски средства за битолското културно лето и навистина да се смени коцептот, како што беше претходно да нема толку голем број на настани бидејќи сега и подоцна почнува, ќе има сега еден поинаков концепт од она што го имам слушнато и што го имаме поразговарно со дел од луѓето“ вели Бојкоски.












