Советниците на последната седница донесоа одлука десет општински киосци на автобуски постојки во Битола да бидат дадени под закуп, но со услов- закупецот да ги реконструира и одржува и самите постојки во рок од 60 дена. Дали и како ќе се спроведува, на Совет не дознавме.
Општински киоск- приватен закупец- јавна автобуска постојка. Десет киосци, на десет микролокации, се понудени под закуп преку електронско јавно наддавање.
Закупецот не добива само простор за сопствен бизнис. Според одлуката, во рок од 60 дена од почетокот на закупот тој треба да ја реконструира автобуската постојка, а потоа да ја одржува и санира во текот на целиот закуп.
Општинскиот претставник го соопшти ова на седницата на Комисијата за финансии и буџет.
Членовите на комисијата гласаа, но на тоа не претходеше дискусија.
Одлуката којашто советниците ја изгласаа нема уште неколку други потребни информации: најпрвин дека надоместокот за закупнна ќе изнесува 0,5 % од проценетата вредност на секој киоск, а нема вредност на киоскот. Ако се има предвид дека со програмата за поставување на урбана опрема општината планира нивно унифицирање, јасно е зошто е тоа потребно.
Позначајно е што закупецот ќе треба да ги реконструира автобуските постојки, кои се јавен имот, тоа да го направи во рок од 60 дена, добро да владее со нив, да ги одржува( веројатно откако ќе го направи закупот по електронската лицитација) и да започне со дејноста дури откако комисија од градоначалоникот ќе потврди дали реконструкцијата е соодветно изведена. И нема информација каква се дејност може да носи киоскот – што да продава?
Седницата по оваа точка заврши без голема дискусија.
Отсуствувше дискусијата дека давањето на истите 10 киосци на автобуските стојалишта е одлука стара 3 години, дека некои од нив функционираа, други беа целосно руинирани. Не се дискутираше ниту за фактот што обврската за реконструирање на автобуските постојки и тогаш ја имаа самите закупци. Ниту како ќе се реконструираат ни дали киосците ќе бидат униформни ниту кој ќе ги купи односно постави. Некому можеби банални прашања, но низ призмата на транспарентноста на управуањето и трошењето на јавните пари -основа на добро работење. Не се диксутираше ниту за фактот дека општината немала анализа на вложувањата, ниту пак податок колку од десетте локации во овие три години биле реконструирани.
Составувачот на материјалите не чувствувал ниту обврска да објасни што се случило пред три години, колку пари се прибрале во општинската каса од закупот тогаш, ниту дали идејава добро функционира. Само дека идејата приватници да се занимаваат со одржување на автобуските постојки под кои имаат киоск ќе се натпреваруваат на електронска лицитација и дека почетната цена ( или за месец или за година). Нема ниту информација дали сопствениците на киосци, вложувајќи во реконструкција на автобуските, ќе може да наплаќаат реклама. Ќе ја плаќаат струјата за дигиталните ектрани од дигиталниот возен ред 24/7. Ниту кој ќе ја плати штетата на кисокот, од граѓани кои го чекале автобусот?
Отсуствуваше дискусија за тоа кој и како ќе контролира.
А требало. Затоа што автобуските постојки се јавна инфраструктура.











