ТЕРА

REKLAMA???

ЗОШТО БИТОЛЧАНИ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ФАЛАТ

На пешачко растојание од главната пешачка улица во Битола има депонија, стара со години. Се работи за комплексот Пелагонка 2, до таканаречената населба Стара Болница, кадешто има 50тина приватни апартмани за сместување на туристи. А тие може да посведочат дека градот се наоѓа меѓу фестивалскиот сјај и комуналната беда.

Ова не е прилог ниту за фестивалот, ни за ривалството на Скопјани со Битолчани. Само констатација дека битолчани не можат да се пуфкаат, пафкаат и фалат со својот град.

Додека Битола овие денови ги живее своите најблескави часови, реалноста за битолчаните останува непроменето нечиста. На 5 минути од Центарот за култура кадешто се случува сјајот, има беда.
Градот е исполнет со филмски работници, странски вљубеници во филимот и гости од Македонија. Арно ама, додека по којзнае кој пат коментираме дека фестивалот е скопски-оти скопјани го пакуваат сјајот на фестивалот, веројатно не сме свесни дека странските туристи, гостите, се прибираат во апартманите понудени преку Букинг и Аирбнб и, сведочат за една поинаква слика.

Погледот по улицата или од луксузно уредените апартмани по „Климент Охридски“ од потегот на Центарот за култура кон Пелагонка 2 и нас. Стара Болница паѓа директно врз дива депонија, градежен шут, руинирана површина, нефункционален паркинг.

Летото заврши, па кој како реновирал од куќите наспроти микролокацијава, така си ги оставил ќерамидите, другиот отпад од реновирањето.

Не грижете се расфрланите кеси, дивата вегетација и сметот по ќошевите на бетонските ѕидови во просторот се од поодамна. Кога од деловниот комплекс Пелагонка 2 преминувате кон зградите, немајте грижи-сеуште стојат искршените плочки. Од патот се гледа и една од старите згради на старата болница, своевремено седиште на една од политичките партии. Ај што нема некаков знак, туку и е обрастена со треви. Дивата вегетација си ги минува сите сезонии и циклуси, не и е потребна грижа од човекот. Можеби на човекот му треба таа да не е таму, заради естетика. Или да е оградена, пак заради естетиката на централното градско подрачје.

Директниот пренос од свеченото отворање на големиот фестивал не ја покажа виенска Битола, а туристите секој ден сведочат на Бангладеж-Битола. За многумина ова е мачен контраст. Особено за тие кои секој месец уредно ги плаќаат комуналните сметки,

Фестивалите, и летните и овој најголемиот во државата завршуваат, скопските организатори се враќаат во главниот град , а на  битолчаните им останува горкиот вкус, дека нивниот град е сјајен само кадешто паѓаат светлата за камерите.

И не, не завршувајте со констатацијата дека ова (контрастот) е приказна на големите градови во светот. Битола тоа не е.