Вечерва во големата сала на Центарот за култура, каде синоќа беше свеченото отворање на 45-от фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на програмата се два филма од официјалната селекција Камера 300.
Првиот кој беше од 19:00 часот беше филмот „Девојката со иглата“ чиј конематографер е Михал Димек, а од 21:15 часот исто така филм во официјалната селекција „Зона на интерес“ чиј кинематографер е Лукаш Жал.
Оваа фотографија е од делот за првиот филм рубриката прашања-одговорите, односно своевидно интервју за филмот кој го гледаше публиката.
А, таа пак за разлика од синоќа, вечерва беше малубројна.
За проекциите од официјаланта конкуренција цената на влезниците, е како што ни рекоа од фестивалот, симболични 100 денари.
За синоќа дали на билетарницата беше пуштена карта да се продава, не ни кажаа, но на очиглед на присутните беше дека останаа и синоќа празни места.












