„Брзиот воз за Европската унија е наш приоритет но сепак е важно на какви програмски принципи ќе се темели владината коалиција која треба да нè движи на патот на европската агенда. Како македонски граѓани немаме денови за губење, инсистираме ефикасност и квалитет“.
Ова е еден од заклучоците на Централниот одбор на Либерално-демократската партија на седницата одржана во Скопје.

„За ЛДП секогаш ќе биде важно на какви идеали ќе се темели коалицијата на која припаѓаме и која програма ќе се застапува. Од тоа ќе зависи нашата одлука за коалицирање, бидејќи нашиот приоритет е развој на државата и подобрување на секојдневието на секоја личност. Луѓето нѝ се најголем ресурс, мораме да ги задржиме и да им понудиме просперитетна иднина“ посочи претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

По последното Собрание на ЛДП на 20 Ноември, на седницата на Централниот одбор што се одржа викендот беа комплетирани и останатите органи на партијата односно се избрани членови на Извршниот одбор, потпретседатели, меѓународен секретар, како Советот како објективно тело сочинето не само од партиски истакнати членови, но и истакнати поединци во општеството. Беше усвоен и предлог датум за оджување на тематски Конгрес на кој партијата ќе ја промовира својата партиска програма односно Либералните иницијативи за наредните четири години од кои најголем бенефит и олеснување треба да добијат граѓаните.

За потпретседател на партијата е избран Валентин Груевски од битолската општинска организација.
Груевски во минатото беше советник во советот на Општина Битола, претседател на Советот на Битола, а сега е директор на ЈП Македонски шуми.













