ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЧЕР НА ЛОКУМ ФЕСТ: ВЕВКИ АМЕДОВ И IPEK YOLU

Последната вечер на Локум фест е резервирана за Старата Битолска чаршија каде ќе се случува фестивалското „крешендо“. Покрај пешачката улица крај Драгорот, посетителите ќе имаат можност да погледнат ракотворби, да се засладат со локуми, турско кафе, добра храна и радост, а воедно ќе уживаат во мајсторијата на Вевки Амедов и неговите „Јужни звезди“, славејќи ја ромската култура. Токму оваа вечер се и специјалните гости од партнерскиот фестивал Резонатор од Данска кои со поддршка на MOST music доаѓаат во Битола.

Групата „Ipek Yolu“ или патот на свилата е харизматична спојка на традиционална анадолска народна музика и фанк фјужн, музика која има една единствена цел да ве разигра и опушти.Традиционално ќе бидат присутни ЗУР Македонски ракотоворби , ќе има крушевски и битолски локум и презентации на рачно изработени производи и секако кафе.

Фестивалот се реализира со средства на Министерството за култура, Општина Битола, Амбасадата на Р.Словенија во Скопје, Генералниот конзулат на Р.Грција во Битола, КИЦ Битола како и бројни пријатели и поддржувачи.

„Локум фест“ е фестивал што започна пред 17 години во Старата битолска чаршија. Самото име е изведено од конзулската традиција со локум и кафе да се пречекаат соседот, патникот, добронамерникот и е синоним за отвореност, мултикултурност, средба меѓу културите. Всушност, една од главните функции на фестивалот е преку различните музички форми (традиционални и стилизирани, чалгија, „fusion“, „world music“) да се покажат целиот амалгам и раскош на култури, етноси и обележја на конзулска Битола.