Виена е прогласена за најпогоден град во светот за живеење трета година по ред во 2024 година од страна на The Economist. Има многу суперлативи што можете да ги користите за да ја опишете Виена; убава, историска, живописна, културна. Сега, можете да додадете уште еден епитет на списокот: конзистентен.
Виена беше крунисана за најпогоден град во светот во 2024 година. Виена оваа година доби оценки од 100 во четири од пет категории, но како и во минатогодишниот извештај, градот беше означен во категоријата култура и животна средина со оценка од 93,5, поради недостаток на големи спортски настани. Сепак, целосните оценки во повеќето категории се доволни за да се оддалечи блискиот конкурент Копенхаген од првото место. Весникот Економист, во својата најава вели, трета година по ред, град со многу суперлативи и епитети што можа да ги искористите за градот – убав, живописен, културен, а сега може да го додадете и конзистентен.

Копенхаген, Данска го доби второтоместо, и се чини дека Данците се совршено среќни што се на второто место, трета година по ред зад Виена. Данска, исто така, постојано се става како втора најсреќна земја зад Финска. Копенхаген задржува совршени резултати во стабилноста, образованието и инфраструктурата.
Најголемиот град во Швајцаријам, Цирих скокна од шестото место во 2023 година на третото во 2024 година, засилено со совршените резултати во здравството и образованието. Цирих, заедно со другите споменати во топ 3, постојано е вклучен во индексите на најдобрите места за работа и живеење, но исто така е еден од најскапите градови во светот за престој.

Севкупното рангирање на секој град се финализира со просечни оценки од 100 во пет различни категории: стабилност, култура и животна средина, образование, здравство и инфраструктура.












