ТЕРА

REKLAMA???

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ТОА КОЈ ПОДОБРО РАБОТЕЛ ВО СВОЈОТ МАНДАТ

Денеска пред битолските советници Кварталниот извештај на Буџетот на општината за третиот квартал од 2022 година. За локалната власт имаме рекордно извршување на буџетот кога ќе се спореди со изминатите 5 години наназад.

„Од бројките коишто се предложени и од она што реално се гледа на терен повторно имаме одлична реализација на буџетот 65,9%. Гледано во изминатите 5 години наназад оваа бројка со реализација е најаголема досега, претходно извршувањето на буџетот во третиот квартал се одвивал од 34 до 40% и со тоа граѓаните ги гледаат сите оние придобивки коишто ги прави локалната самоуправа, со сите оние проекти коишто реално се изведуваат на терен. Тоа е така бидејќи локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ се она кое го вети во предизборната кампања го реализира на терен“, рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

За опозицијата реализацијата на буџетот се темели врз база на претходната работа која што ја имаше Општина Битола во изминатите 4 години.

„Успешно планираните финансиски средства, успешно реализираните проекти денес доведуваат до реализација и плаќање на истите, и се разбира добро испланираните финансиски средства кои ги имаше на сметката на Општина Битола. Да ги потсетиме граѓаните дека оваа локалана власт кога пред една година ја презеде локалната самоуправа имаше повеќе од 6 до 7 милиони евра слободни финансиски средства, за да денес тие си прават приватна забава и ги трошат парите за нивни цели“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.  

Изминатиот квартал и изминатата година се продолжи со реализација на тековните работи кои што се обврска на секој градоначалник и на секој Совет, рече претседателката Илиевска.

„Морам да кажам дека апсолутно ниеден започнат проект не беше прекинат бидејќи тоа ќе повлечеше дополнителни проблеми, дополнителни компликации кај граѓаните. Според тоа сметам дека клеветата од страна на опозицијата дека се било претходен проект, тие проекти се сработени со пари на граѓаните и секое однесување на било кој како да се сопственост на политичка партија, би вродило само со негативен плод за граѓаните“, рече Габриела Илиевска, претседател на Совет.

Стапката на реализација на Кварталниот извештај е една од најголемите во изминатиот период, рекоа од Левица, но имаа и забелешки.

„Локалната самоуправа и градоначалникот треба малку да одвојат простор и да поразговараат и со другите политички партии, поради тоа што не е во ред само нивните проекти да си ги туркаат нанапред“, рече Горан Велевски, советник од Левица.  

Пред советниците денеска беше и Развојната Програма на општината за периодот од 2023 до 2025.