ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ ДО СДСМ: ВИЕ СТЕ САМОЗАМИСЛЕНИ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ

Ниту страшно нискиот рејтинг, ниту отсуството на поддршка од граѓаните не може да делува врз вас и вашето крајно дрско однесување на самозамислени судии и обвинители, рече денеска советникот од ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓи Ѓорѓиевски, во реакцијата на информацијата за поденсување кривична пријата од СДСМ против градоначалникот.

„Господо од СДС, никако не можете да излезете од шинелот на џелати и натаму продолжувате со своите бесмислени чекори.

Вистината почитувани граѓани е оваа: градоначалникот Тони Коњановски, сите општи акти и прописи, донесени на 27 седница на Советот на општина Битола, одржана на 31 мај, оваа година, ги потпиша и донесени се заклучоци за нивно објавување во Службениот гласник на општина Битола.

Причината, заради која не се потпишани заклучоците за објавување на решенијата за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на ЈКП Водовод, ЈКП Комуналец, ЈП за изградба и одржување јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен превоз на патници во општина Битола, ЈП Пазари, ЈП ИЗ Жабени и ЈОУ Културен и информативен центар е поднесената иницијатива од страната на градоначалникот за вонреден инспекциски надзор, за што од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа има известување дека надзорот ќе биде извршен на 30 јуни, значи за неколку дена, во 11:00 часот.

Известувањето е со број 08-712 од 15 јуни.

Во оваа прилика сакаме да дадеме и дополнително објаснување пред јавноста дека решенијата за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија и установи основани од општина Битола не преставуваат прописи односно општи акти и следствено на тоа за нив не можат да бидат применети одредбите од член 51 од Законот за локална самоуправа и член 55 од Статутот на општина Битола.

Вие, господо од СДС, злоупотребувате СЕ, ја злоупотребувате довербата дадена од граѓаните, а за тоа единствен одговор и најголема казна е пораз и изгубената доверба која што секој ден е се поголема и поголема“ вели Ѓорѓиевски.